Во Сараево прогласена „узбуна” заради загадувањето на воздухот

фото: Принтскрин

Од овие причини денеска многу жители на Сараево одлучија да останат во своите домови, за што сведочат празните улици.

Заради исклучително влошените вредности на квалитетот на воздухот, Владата на кантонот Сараево  прогласи степен на предупредување „узбуна” и издаде важни упатства за граѓаните во врска со престојот на отворено, физичките активности, носењето заштитни маски и користењето на моторните возила, односно градскиот превоз.

Од овие причини денеска многу жители на Сараево одлучија да останат во своите домови, за што сведочат празните улици, пренесе порталот Кликс.ба.

Само малкумина утринава излегоа надвор, додека на лицата носеа заштитни маски или шалови.

Ситуацијата со загадениот воздух во Сараево утринава, сепак, беше малку подобра отколку синоќа, иако воздухот и натаму е многу штетен.

Според мерењата во 10 часот, индекстот на квалитет на воздухот на Скендерија изнесуваше 420, а индексот над 50 се смета за штетен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот