Во првата половина од годината за 54,4 пртоценти зголемен бројот на туристи во БиХ

Во првите шест месеци од годината Босна и Херцеговина ја посетиле 328.624 што е за 54,4 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година и имало 757.839 ноќевања, што е пораст од 49,5 отсто.

Според податоците на државната Агенција за статистика бројот на ноќевања од домашните туристи е зголемен за 106,7 проценти, додека вројот на ноќевања од странските туристи е поголем за 8,5 отсто во споредба со истиот период од 2020 година.

Најголем број странси туристи што ја посетиле БиХ се од Србија (27,8 проценти) потоиа следат Обединети Арапски Емирати (13,8), Хрватска (13,4), Црна Гора (4,8), Саудиска Арабија (4,2), Словенија (3,6), Турција (3,3) и Германија (3,2). Туристите од другите земји оствариле 25,9 отсто ноќевања.

Според должината на престој на прво место се туристите од Финска, кои просечно се задржале 8,8 ноќи, потоа од Иран – 7,3, од Јужна Кореја – 5,7 и од Летонија – 5,2 ноќи.

Дури 92,5 отсто од ноќевањата се реализирани во хотели или слични сместувачки капацитети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот