Во последните часови Јунајтед ангажираше нов напаѓач!? (ФОТО)

фото: твитер

Тој веќе има искуство од Премиер лигата, беше член на Ватфорд од 2014-2017 година. Ќе има право на настап за „црвените ѓаволи“ сезонава во Лига Европа.

Се очекува Одион Игало да биде значително засилување во редовите на екипата предводен од норвешкиот менаџер Оле Гунар Солскјер.

Буквално во последните часови од зимскиот преоден рок, Манчестер јунајтед успеа да доведе напаѓач, станува збор за репрезентативецот на Нигерија, Одион Игало.

Нигериецот ќе игра како позајмица од кинескиот клуб Шангај Шенхуа до крајот на натпреварувачката сезона 2019/2020.

Според новинарот Фабрицио Романо „црвените ѓаволи“ ги договорил личните услови соопција да биде откупен 30-годишниот фудбалер.

Тој веќе има искуство од Премиер лигата, беше член на Ватфорд од 2014-2017 година. Ќе има право на настап сезонава во Лига Европа за тимот од „Олд Трафорд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот