Во поликлиниката „Јане Сандански” вакцинирани околу 120 лица, до крајот на денот се очекуваат околу 180

Вакцинација /Фото: Драган Митрески - Слободен Печат

Во поликлиниката „Јане Сандански” каде денеска почна вакцинацијата со руската вакцина „Спутник V” досега се вакцинирани 116 лица, информираа од оваа здравствена установа за МИА.

Очекуваат до крајот на денот да бидат вакцинирани околу 180 лица. Пунктот за вакцинација работи до 20 часот.

Руската вакцина пристигна викендот. На скопскиот аеродром во неделата пристигнаа првите 3.000 дози од оваа вакцина.

Освен во поликлиниката „Јане Сандански”, процесот на вакцинација се одвива и во поликлиниката „Букурешт” каде во тек е ревакцинација со вакцината на „Фајзер”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот