Во Подгорица превентивно поставени шатори поради коронавирусот

Пред Клиниката за инфективни во Подгорица поставени се шатори, но црногорските здравствени власти потенцираат дека се поставени превентивно и оти нема место за паника.

– До денеска во Клиничкиот центар на Црна Гора не е дијагностириан ниту еден случај на потврдено присуство на коронавирус. Со цел спречување на ширењето на оваа инфективна болест, Клиничкиот центар ги презеде сите неопходни мерки согласно националниот план за постапување во случај на појава на коронавирус – изјави портпаролот на Центарот Горица Соковиќ.

Таа нагласи дека нема место за паника, но апелира на граѓаните да бидат одговорни и трпеливи и да ги почитуваат сите совети и препораки од надлежните институции и лекари, пренесува РТЦГ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот