Украинци гинат во пожари, обидувајќи се да се затоплат

Фото: EPA-EFE/PAVLO PAKHOMENKO

Украинските власти денеска соопштија дека во изминатите 24 часа девет луѓе загинале во пожари, обидувајќи се да ги загреат своите домови.

Во официјалното соопштение се наведува дека бројот на пожари се зголемува бидејќи, поради редовните прекини во снабдувањето со електрична енергија, Украинците сѐ повеќе прибегнуваат кон употреба на генератори, свеќи и плински боци во своите домови, пренесуваат британските медиуми.

„Само во последните 24 часа во Украина се регистрирани 131 пожар, од кои 106 во станбени згради. Девет лица го загубија животот, а осум се повредени. Пожарите зачестија поради прекршување на правилата за заштита од пожари во станбени згради и употреба на несертифицирани уреди за греење и подготовка на храна”, се наведува во соопштението на украинските власти.

Надлежните апелираат граѓаните да бидат повнимателни во домовите и да им објаснуваат на децата за опасностите од пожар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот