Во најлош момент за Челзи, се повредија четири играчи!

twitter.com/goal

Многу фудбалери на „сините“ играа за своите репрезентации, а дури четири од нив се вратија во Лондон со повреди.

Андреас Кристенсен, Н`Голо Канте, Рис Џејмс и Матео Ковачиќ се повредија поради што Лампард ќе има големи проблеми во составувањето на тимот.

Ковачиќ и Кристенсен се најголемиот проблем за менаџерот на Челзи со оглед на тоа што Хрватот настапи во сите осум натпревари оваа сезона во Премиер лигата, а Данецот играше во шест мечеви.

Сеуште не е е познато уште колку ќе бидат надвор од теренот, но доколку станува збор за потешки повреди, тоа ќе биде проблем и за наредниот период со оглед на тоа што клубот во наредната седмица ќе игра меч од Лигата на шампионите против Ајакс, а кон крајот на месецот и во купот против Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот