Во најава продолжение на серијата „Сексот и градот“

фото: Profimedia

Парамоунт“ и „Анонимус контент“ ги откупиле правата за најавената книга „Дали сè уште има секс во градот?“ на Кандис Бушнел, според која ќе снимаат продолжение на култната серија „Сексот и градот“.

Во книгата се разработува прашањето за сексот, забавувањето и пријателствата меѓу жените над 50 години во Њујорк. Во новата книга нема да ги има истите ликови како во претходната, а книгата на Бушнел ќе биде објавена во август.

Најавената серија нема да биде стилизирана како директно продолжение на „Сексот и градот“, бидејќи освен запознавањата, состаноците, случајниот секс кај средовечните луѓе на Менхетен, дава и продорен поглед на бракот, децата, разводот и општествениот притисок на жената да ја задржи својата младост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот