Во „Липо диет“ центарот: Бесплатна дијагностика со квантна резонантна магнетна анализа

Фото: Промо

Проверете го здравјето пред да почнете со слабеење

Во „Липо диет“ центарот во Скопје може да закажете бесплатна дијагностика со квантна резонантна магнетна анализа. Проверете во каква здравствена состојба е вашето тело пред да почнете со диетотерапија.

Одлучивте да преземете нешто за конечно да ослабнете и да си го подобрите здравјето? На вистинско место сте – во „Липо диет“ центарот, и со вистинска одлука – неинвазивна липосукција, односно протокол на липосукциска исхрана за брзо и здраво намалување на вишокот килограми.

Од неодамна, „Липо диет“ центарот е опремен и со нова, модерна технологија во интерес на проверката на здравствената состојба пред да почнете со слабеење, но и за следење на вашето здравје – кое ќе се подобри со новиот начин на исхрана – за време на диетотерапијата и по неа.

Здрава тежина, здравје и исхрана: сè тоа е поврзано

Предноста на дијагностиката со квантна резонантна магнетна анализа е во тоа што ја елиминира потребата од ултразвук, магнетна резонанца и рентген за детектирање на различни здравствени состојби. Станува збор за неинвазивна анализа изведена со помош на напредна електронска опрема која делува на тој начин што ги собира информациите од слабото магнетно поле на човечките клетки.

Методот овозможува брзо и многу точно да ги идентификувате евентуалните заболувања и здравствените проблеми кои се во создавање, а со тоа – понатаму ќе можете да ја унапредите состојбата на вашето тело!
Комплетната анализа на состојбата на организмот се добива без непријатни испитувања или вадење крв. Анализата ни дава слика за состојбата на кардиоваскуларниот систем, функционалноста на органите за варење, како и за црниот дроб, панкреасот, бубрезите, белите дробови…

Фото: Промо

Ќе добиете прилично јасна слика за состојбата на вашите репродуктивни органи, нивото на шеќер,
минералите и витамините во крвта. Проверката воедно ја опфаќа и состојбата на кожата, имунолошкиот и ендокринолошкиот систем како и количината на токсини во телото. Методот е погоден и за откривање на нетолеранција кон одредена храна и за детектирање на алергии на храна.

Инаку, оваа современа дијагностика потекнува од Русија, била дизајнирана за потребите на вселенските програми и воздухопловството, а била применувана за контрола на здравјето на астронаутите, пилотите, врвните спортисти – олимпијци, и за луѓето со специјални професии.

Што понатаму за да бидете во топ форма и да водите здрав начин на живот?

По комплетното согледување на резултатите од анализата, во „Липо диет“ центарот ќе добиете здрав протокол на липосукциска исхрана за слабеење, како и комбинација од неопходни суплементи (додатоци во исхраната). Протоколот за слабеење се состои од две фази. Првата фаза е липо третман со примена на препаратите „Липо алфа“ и „Липо бета“ и трае 14 дена. Втората фаза е план за исхрана и стабилизација и одржување на килограмите и трае исто така 14 дена. Еден липоциклус од 14 дена овозможува намалување на телесната тежина за 7 до 10 отсто. Додатоците на липосукциската исхрана, „Липо алфа“ и „Липо бета“, се произведуваат во Германија според највисоки стандарди, а регистрирани се како додаток во исхраната во надлежните институции во Република Македонија.

Закажете ја вашата бесплатна консултација во „Липо диет“ центарот на „Интернешнал хелт“ Македонија (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот