Во Косово во последните 24 часа 124 биле позитивни, Земај најави поинакви одлуки за Приштина

Косовскиот министер за здравство Арменд Земај денес соопшти дека од 974 примероци земени во последните 24 часа, 124 биле позитивни. Од нив дури 72 се регистрирани во Приштина. Земај објави и дека нема смртни случаи на пациенти со ковид 19.

„Загрижува големиот број на заразени лица во Приштина, каде бројката достигнува 72 во рок од 24 часа. Општината, штабовите за итни случаи, полицијата, инспекторатите очекуваат максимизирање на контролата и спроведувањето на анти-ковид мерките“ напиша министерот.

Земај најави и дека се размислува за заострени мерки во главниот град на Косово.

„Пред поинаква одлука за главниот град, заедно за доброто на сите!Затоа, апелирајте до граѓаните, придржувајте се до препораките на Националниот институт за јавно здравје и Министерството за здравство.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот