Во Косово десет починати, 707 заболени и 550 излекувани од Ковид-19 последните 24 часа

Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани десет починати и 707 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 550 пациенти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според последниот извештај на Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК), вклучително последните случаи, во земјата досега, како последица на пандемијата, починале 914 од вкупно 34.295 лица кај кои е откриен вирусот од појавата на епидемијата.

Болеста досега ја совладале 21.043 лица кај кои е откриен вирусот, а активни во моментов, според официјалните податоци, се 12.338 случаи.

Вчера се извршени 1.831, а вкупно досега 131.186 тестирања со методот РТ-ПЦР.

Повеќе од половина од новозаболените, вкупно 380, се од главниот град Приштина, која е жариште на епидемијата во Косово, со околу 12.700 заразени од појавата на пандемијата. 

Извор: МИА

Прочитајте и...  Мицкоски: Разочаран сум и лут од справувањето на властите со пандемијата

Поврзани вести

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг му ja честиташе победата на Бајден

Илинка Иљоска

ВИДЕО: Хаос на аеродромот во Шангај, терстирањето за ковид-19 излезе од контрола

Илинка Иљоска

ВИДЕО: Драма меѓу две членки на НАТО во водите на Средоземното Море: Анкара протестира затоа што тимот на мисијата на ЕУ претресе турски брод на пат кон Либија

Илинка Иљоска

Велешките еколошки возила ги надминуваат границите

Слободен печат

ВИДЕО: На тајна венчавка се собрале 7.000 луѓе без маски

И.И.

Ахмети: Нема загриженост дека Меџити може да поднесе интерпелација против Груби и Османи

Слободен печат

Остави Коментар