Во кој период од денот сме најпродуктивни?

660311458

Кои се клучните работи во постигнувањето на продуктивноста?

Кај поголемиот број од луѓето, продуктивноста е највисока наутро

„50 во 90“ и отфрлањето на листата со обврски – клучни работи во постигнување на продуктивноста.

Експертите преку истражувања дојдоа до правилото дека најтешките 50 проценти од обврските се обавуваат во првите 90 минути.

Луѓето обично работат спротивно, а кога конечно ќе дојдат до најтешкиот дел, сфаќаат дека повеќе немаат сила. Не е случајно измерено времето од 90 минути, бидејќи е докажано дека вниманието исчезнува по интервал од час и половина до два часа.

За да го примените ова правило, не би требало да дозволите било што да ви го одвлече вниманието, ниту поглед во телефонот, ниту мејлот, зборувањето со колегите и сл.

Кога знаеме дека веќе сме го одработиле најголемиот и најтежок дел од работата, попладне ќе бидеме поопуштени, а со самото тоа и попродуктивни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот