Во Кавадарци се фатени 10 крадци кои со вода за пиење наводнувале лозја

Фатени се 10 крадци на вода во Кавадарци, кои со вода за пиење наводнувале лозја, ниви и имот околу викендички.

– Крадците на вода се откриени во координирана акција од страна на ЈП Комуналец, комуналните инспектори и МВР Кавадарци. Откриени се 10 диви приклучоци на системот за вода за пиење во месноста Катуниште, појаснија од општинската прес-служба.

Службите, посочија, ќе реагираат согласно законот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот