Во Израел има помалку од 1.000 активни случаи на заразени со Ковид-19

Ученици во Израел со маски ја посетуваа наставата Јуни 2020 / Xinhua News / Profimedia

Во пикот на епидемијата имаше и по повеќе од 70.000 заразени.

Помалку од илјада се активните случаи на зарзени со Ковид-19 во Израел нешто што се случува првпат од март минатата година. Тоа го објави денеска израелскиот министер за здравство Јули Еделштајн.

Во пикот на епидемијата имаше и по повеќе од 70.000 заразени неведе тој на Твитер.

Во изминатата недела бројот на тешко болните од Ковид-19 во Израел беше под 100. Според него, тоа се должи на успехот на кампањата за вакцинација во државата.

Во изминатите 24 часа се регистрирани само 17 нови случаи. Тоа е 0,2 отсто позитивни тестови од вкупно над 11.500. Досега над 5,4 милиони луѓе или речиси 60 отсто од населението во државата ја примиле првата доза од вакцината на Фајзер/Бионтех, додека околу 5,1 милиони се со две дози примени вакцини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот