Во Иран бројот на заразени порасна за 600 проценти, мртвите ги закопуваат во масовни гробници (ВИДЕО)

Фото: Screenshot/CNN

Медицинските работници предупредуваат на појавата на коронавирусот меѓу персоналот во болниците.

Во Ирак во јуни е забележан 600 процентен пораст на случаи на коронавирус.

На најголемите ирачки гробишта се закопуваа 70 до 80 тела дневно на жртвите на заразата, а се очекува таа бројка да се зголеми зошто здравствената структура на таа земја со десетлетија беше уништувана од војни, санкции и корупција.

На Јусеф Х. поради коронавирусот му починаа родителите и сестрата.

„Го потценија вирусот. Не знаеја како да се заштитат. Сега сме исплашени  и 100 % уверени дека коронавирусот е сериозна болест“, рече Јусеф за Си Ен Ен.

Погребувањето на починатите од ковид -19 на најголемите ирачки гробишта се случува ноќе, кога ќе попуштат горештините. На погребот не присуствува семејството па последните молитви до починатите ги упатуваат за нив непознати лица – ирачки војници.

Медицинските работници предупредуваат на појавата на коронавирусот меѓу персоналот во болниците.

„Бев со своето семејство кога водичот во болницата ме викна и ми рече дека сум позитивен на коронавирус. Тоа е момент кога се поздравувате со своето семејство, со своите деца и не знаете дали ќе се вратите“, рече анестезиологот Ала Хусеил ал-Талакани.

„Дојде до пораст на заразените во нашата земја зошто властите не ги воведоа вистинските мерки за заштита и зошто прерано ги отворија пазарите и дуќаните“, додаде тој.

Во Ирак досега се забележани повеќе од 62.000 случаи на зараза од коронавирус, а починаа најмалку 2.500 луѓе. Во последните 24 часа во таа земја од ковид -19 починаа 94 лица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот