Во февруари 250 одобренија за градење, предвидена изградба на 440 станови

Згради во изградба, Фото: Архива

Во февруари годинава се издадени 250 одобренија за градење, што е за 27,7 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Најмногу нови одобренија, 85, има во Скопскиот регион, по што следат Полошкиот со 53, Југоисточниот со 38,…

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.763.961.000 денари, што е за 39,7 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 138 (55,2 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 29 (11,6 проценти) од нискоградба и 83 (33,2 проценти) за објекти за реконструкција.

На 146 (58,4 проценти) од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 104 (41,6 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 440 станови, со вкупна корисна површина од 40 405 метри квадратни. Од нив 182 се планирани во Скопје, односно 115 во Општина Аеродром, 37 во Карпош, 12 во Илинден, 9 во Сопиште. По Скопскиот следи Полошкиот регион со нови 130 станови, од кои 104 во Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот