Во Дебар нема ни снег ни струја

Фото Архива на СП

За разлика од соседните општини, каде снежната покривка достигнува 30 и повеќе сантиметри, во Дебар и понатаму само врнежи од дожд, кои во текот на ноќта беа обилни.

Дождот предизвикува помали одрони на патиштата, кои дебарската секција на ЈП за одржување регионални и магистрани патишта редовно ги чисти.

По неколкуте куси прекини во снабдувањето, од 10:30 Дебар е без електрична енергија. Без струја се и останатите делови од дебарското конзумно подрачје.

Обилните дождови, според надлежните поволно ќе влијаат во зголемувањето на дотекот на вода во акумулацијата „Дебарско Езеро” кој изминатите денови во просек изнезува по 60 кубни метри вода во секунда.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот