Во Дебар еден починат, десетта жртва овој месец

Болница Дебар
Болница во Дебар /Фото: МИА

Како последица од Ковид-19 во дебарската Општа болница со проширена дејност, почина повозрасна пациентка, жителка на Дебар, која е десетта жртва од опасниот вирус овој месец. 

-Пациентката беше хоспитализирана повеќе денови во Ковид-центарот во нашата болница, но и покрај сите напори на здравствениот персонал, за жал почина. Денеска како закрепнати се испуштени од нашата установа тројца пациенти па моментно хоспитализирани се 34 лица. Од нив 26 на кислородна подршка, додека дневно амбулански се лекуваат 20 лица, изјави за МИА, Баки Алили директор на дебарската болница. 

Поради потешка клиничка слика во здравствени установи во Скопје хоспитализирани се тројца пациенти од ова подрачје. 

Вкупната бројка на заразени, во оваа и Општина Центар Жупа, од почетокот на пандемијата е 1.226 од кои овој месец 263, а моментно активни на болеста се 192 лица. Во двете општини во домашна изолацијата се над 110 лица. 

Алили додава дека непречено се одвива процесот на имунизација, при што само денеска аплицирани се над 200 дози од вакцините Фајзер, Синовак и Астра Зенека.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот