Во Црна Гора забранети содржини на српски телевизии поради говор на омраза

Фото: МИА

„Оценувајќи дека станува збор за прашање од јавен интерес, чија заштита бара спроведување мерки со кои се потиснува спорното изразување, САЕМ заклучи дека е оправдано да се ограничи на три месеци емитувањето на „Добро утро Србијо”, „Кирилица” и „По ручек” на „ТВ Хепи” и „Ново утро” на „ТВ Пинк М”, се наведува во соопштението.

Советот на Агенцијата за електронски медиуми на Црна Гора (САЕМ) донесе одлука да го ограничи емитувањето на одредени програмски содржини во рамки на ТВ-програмите ТВ Хепи и ТВ Пинк М од Србија на три месеци.

Како што се наведува во соопштението на САЕМ, причината за оваа одлука се програмите во кои се промовира омраза, нетрпеливост и дискриминација кон припадниците од црногорска националност.

„Оценувајќи дека станува збор за прашање од јавен интерес, чија заштита бара спроведување мерки со кои се потиснува спорното изразување, САЕМ заклучи дека е оправдано да се ограничи на три месеци емитувањето на „Добро утро Србијо”, „Кирилица” и „По ручек” на „ТВ Хепи” и „Ново утро” на „ТВ Пинк М”, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот