Во четири сообраќајки повредни шест лица, покосени и малолетник на мопед и жена на велосипед

Фото: МИА архива

Во четири сообраќајки синоќа и рано утрово, повредени се шест лица, меѓу кои еден малолетник од Кочани кој возел мопед, и 61-годишна жена од Прилеп додека возела велосипед.

Ноќеска околу 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје- Велес, во близина на с.Катланово, Л.Д.(47) од Скопје, управувајќи патничко возило „хјундаи” со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.Т.(47) од Скопје, а возачот Л.Д. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Рано утрово во 04.30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на крстосница од ул.„Климентова” со ул.„Ленинова” во Неготино, К.Т.(24) од с.Тимјаник, неготинско, управувајќи патничко возило „мерцедес” со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. Во незгодата К.Т. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот М.Ј.(25) од с.Пепелиште, неготинско, се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Вчера вечер во 20.54 во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.,,Стамен Јакимов” во с.Теранци, кочанско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „дачиа” со скопски регистарски, управувано од И.А.(27) од Скопје и мопед без регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Теранци. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во болницата во Кочани. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.

Синоќа околу 19.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека околу 17.40 часот на Кеј „4ти Јули” во Прилеп, возило удрило во М.А.(61) од Прилеп, која управувала велосипед и го напуштило местото. Во незгодата, М.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Прилеп. Увид извршила екипа од Полициската станица Прилеп. Се работи на расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот