Во Бугарија поевтинува горивото, а брашното ќе се продава без ДДВ

софија бугарија
Софија, Бугарија/ Фото Архива на СП

Бугарските граѓани од денеска ќе купуваат бензин, дизел, природен гас (метан) или пропан-бутан со попуст од 25 центи за литар гориво, јави дописникот на МИА од Софија.

Сите бугарски државјани кои поседуваат автомобил, мотоцикл и мопед имаат право на попуст на цената на горивото. Попустот ќе го даваат бензинските пумпи. Услов за добивање на попуст е горивото да биде наточено во резервоарот на возилата, а не во туби, а друг услов нема.

За финансирање на мерката од бугарскиот буџет се издвоени 150 милиони лева (75 милиони евра). Попустот ќе важи до крајот на годината.

Исто така, од денеска стапува во сила нула проценти данок на додадена вредност за брашното.

Мерките се преземени со цел да се намали влијанието на ефектите од кризата врз бугарската економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот