Во Брисел почна Европската недела на региони и градови

Знамиња на ЕУ / Фото: EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Во Брисел почна Европската недела на региони и градови, годишна конференција на околу 12.000 политичари, службеници, академици и граѓани каде во текот на следните три дена, ќе се разговара за европските фондови и нивното влијание врз економиите на Европската унија погодени од коронавирусот.

Конференцијата се организира од Европската комисија и Европскиот комитет на регионите наречени „Заедно за обновување”, во време кога регионите и градовите низ континентот бараат пари за да ги опорават своите економии од последиците од пандемијата.

„Сакаме да им покажеме на граѓаните колку им е важна Европската унија. Ние даваме одговори на конкретни проблеми”, рече Апостолос Цицикостас, претседател на Комитетот на регионите, тело кое ги застапува интересите на регионите во Брисел.

Европската комисија, извршното тело на ЕУ, кофинансира проекти во земјите-членки со пари од европските фондови за да се намали јазот помеѓу развиените и неразвиените делови на блокот од 27 нации.

Во мај 2020 година, предложи дополнителен привремен инструмент наречен Next Generation EU што треба да собере вкупно 800 милијарди евра за ЕУ да се опорави од пандемијата. Од таа сума, речиси 724 милијарди треба да одат на државите преку заеми и грантови за да ги ублажат последиците од кризата и да ја поттикнат еколошката и дигиталната трансформација на економиите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот