Во април биле издадени 330 одобренија за градење, најмногу за високоградби

скопје градежник зграда работник градежништво згради
Градежен работник на скопски објект / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во април се издадени 330 одобренија за градење, помалку за 2,1 отсто во однос на април минатата година. Според податоците од Државниот завод за статистика, најмногу одобренија се издадени во Југоисточниот регион – 75, а најголем дел од одобренијата за градење се наменети за објекти од високоградба – 145.

Предвидената вредност на објектите изнесува  6 841 858 000 денари, што е за 25 проценти повеќе во однос на април претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 119 или 36,1 процент се издадени за нискоградба и 66 (20 проценти) за објекти за реконструкција.

На 161 од објектите (48,8 проценти), како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 169 (51,2 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 393 станови, со вкупна корисна површина од 37 887 метри квадратни.

Деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност минатата година извршиле градежни работи во вредност од 30 768 214 илјади денари, од кои 14 662 217 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост.

Во текот на 2022 година се градени вкупно 2 519 објекти, а завршени се 3 844 станови со вкупна површина од 257 085 метри квадратни, од кои 3 714 се во индивидуална сопственост.

По региони, најмногу се градело во Скопскиот Регион, потоа во Пелагонискиот, Југозападниот…

Во Скопскиот регион се завршени 2107 станови, од кои 1.120 се во општина Аеродром, 336 во Гази Баба, 218 во Центар, 175 во Ѓорче Петров, 131 во Бутел, …

Просечната корисна површина на завршените станови е 66,9 метри квадратни.

Според податоците на ДЗС, во 2022 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 16 896 526 илјади денари.

Податоците за извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија покажуават дека во текот на минатата година се градени вкупно 2 145 објекти и завршени се вкупно 2 457 станови со вкупна површина од 304 916 метри квадратни од кои 102 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 7 981 метри квадратни.

Просечната корисна површина на завршените станови е 124.1 метри квадратни.

Најмногу се градело во Вардарскиот регион, потоа во Полошкиот, Скопскиот итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот