Во Албанија позитивни над 18 отсто од тестираните на Ковид-19

Тирана, Албанија, 2020 / Фото: Gent SHKULLAKU / AFP / Profimedia

Продолжува високата бројка на новозаразени со Ковид-19 во Албанија, која во овој месец во континутет е од 18 до 20 отсто од тестираните сомнителни случаи.

Во изминатото деноноќие од направените 943 тестови, новиот коронавирус е дијагностициран кај 168. Во исто време починале четири додека оздравеле 94 лица.

Со последните дијагностицираните вкупниот број изнесува 15.399 заразени, битката со опаснот вирус ја добиле 9.500, а починале 420 пацинети.

– Расте бројот и на заболените на кои им е потребно болничко лекување. Во моментот 246 се хоспитализирани во двете ковид болници. Поради постојаниот раст подготвени се уште четири болници, а во случај на потреба во уште неколку регионални болници ќе бидат отвоени ковид центри, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита.

Поради влошената епидемиолошка состојба, вчера премиерот Еди Рама најави задолжително носење заштитна маска и на отворено од 15 октомври.

Познати лекари од оваа област и понатаму сметаат дека се прават мал број тестови. Според нив дневно треба да се прават од 2.000 до 2.500 тестови за да се отслика реалната епидемиолошка состојба со Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот