Во 31 од вкупно 34 провинции во Авганистан се воведува полициски час за да се запрат талибанците

фото EPA

Откако во последните два месеца се соочија со голема офанзива на талибанците авганистанските власти денеска соопштија дека ќе воведат ноќен полициски час во 31 од 34 провинции. Само провинцијата Кабул и две други провинции се ослободени од полицискиот час.

„Со цел да се запре насилството и да се ограничи движењето на талибанците, прогласен е полициски час во 31 провинција во земјата”, соопшти авганистанското Министерство за внатрешни работи, истакнувајќи дека од оваа одлука се исклучени само провинциите Кабул, североисточната провинција Паншир и источната Нангархар.

Портпаролот на министерството прецизира дека полицискиот час ќе биде во сила од 22 до 4 часот наутро, но кажа колку ќе трае оваа мерка.

Талибанците во мај почнаа офанзива против авганистанските сили, откако САД и НАТО го најавија конечното повлекување на меѓународните сили од земјата, што е планирано да заврши до крајот на август.

Талибанците, во меѓувреме, зазедоа големи делови од руралните области на земјата и авганистанските сили, кои досега даваа мал отпор, во суштина сега ги контролираат само најголемите центри и главните градови на провинциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот