Внимателно возете, снег на планинските превои Плетвар, Буково и Ѓавато

Снег на Стража / Фото: Слободен печат

Поради врнежи од снег попладнево од 15:50 часот на патниот правец Гостивар-Стража е воведена забрана за товарни моторни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија

Попладнево снег врне во Крива Паланка, Страцин, Крушево и на планинските премини Буково, Ѓавато и Плетвар, соопшти ЈП Македонијапат.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината
спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се постојано на терен и ги одржуваат сите
патни правци проодни, соопштуваат од таму.

Инаку, поради врнежи од снег попладнево од 15:50 часот на патниот правец Гостивар-Стража е воведена забрана за товарни моторни возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Претходно, во 15 часот, беше воведена забрана за камиони и на патот Маврово – Дебар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот