ВНЕСУВАЈТЕ ПРОТЕИНИ: Намирници во кои ги има повеќе отколку во месото

чиа пудинг
Фото Профимедиа

Протеините се важна хранлива состојка и ако не ги внесуваме доволно, многу е веројатно дека можеме да си предизвикаме здравствен проблем.

Ако не сте љубител на месо, млеко, млечни производи и јајца, добра вест е дека протеините ги има и во растителни намирници.

Еве во кои ги има најмногу, повеќе дури и споредено со месото:

Чиа семе

Ова ситно семе е меѓу најздравите видови храна во светот. Само две супени лажици чиа семе ќе обезбедат 4 грама протеини, 11 грама растителни влакна, како и омега 3 масни киселини.

Бадеми

Најдобро е да консумирате путер од бадеми. Доволни се само две лажички, за да обезбедите 7 грама протеини со растително потекло. Иако се работи за масна храна, путерот од бадеми има помалку масти отколку путерот од кикирики.

Киноа

Киноата е нешто меѓу семе и житарица, која се одгледувала изворно на Андите во Јужна Америка. Се работи за многу издржлива билка, која е тешко да се уништи. Една полна шолја киноа има 8 грама протеини, а го снабдува нашето тело со сите аминокиселини кои му се потребни за правилно функционирање.

Леќа

Леќата е нискокалорична, богата со растителни влакна и содржи 9 грама протеини во половина шолја. Има црвена, кафеава, зелена и жолта леќа и секоја боја има различни нутритивни вредности.

Семе од коноп

Семето од коноп содржи по 10 грама протеини во две лажички и е прво на местото природни извори на протеини. Нутриционистите го споредуваат и со говедско и јагнешко месо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот