ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи закони за да се ублажат економската и енергетската криза

Далновод / Фото: EPA

„Предупредував уште во март дека ова ќе се случува и предупредував што треба да направи оваа Влада, но поради самобендисаноста и неспособноста ништо не направија. Еве септември дојде, почнува учебната година, за некој месец започнува и грејната сезона, допрва доаѓаат тешките времиња, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Општина Бутел.

Мицкоски посочи дека енергетската криза со себе ќе повлече голема економска криза, затоа што голем дел од производните капацитети се затвораат.

– Веќе добиваме информација од теренот, од помалите стопански субјекти дека сметките за август кои практично се однесуваат на јули месец во овој нов регулационен период се зголемени некаде три и четирикратно. Што значи дека голем дел од нив ќе бидат приморани или да отпуштаат вработени или да го затвораат својот бизнис, дел од нив и ќе банкротираат – кажа Мицкоски.

Тој додаде дека сето тоа ќе имапоследици во економијата и ја обини Владата дека не се грижиа.

– Информациите се дека, а и веќе се тргува на европските берзи, како во  Франција, за месеците ноември декември јануари февруарицената е  по 1.000 евра за мегават час. Пикот е веќе 2.000 евра за мегават саат. Просечната цена е повеќе од 500-600 на референтните берзи во Унгарија, Австрија, тие што се однесуваат кај нас – истакна Мицкоски.

Мицкоски вели дека периодот кои следи ќе биде предизвикувачки и многу тежок. Тој додаде  дека ќе предложат некои закони веднаш штом ќе биде оперативен Парламентот. 

– Ќе предложиме некои закони кои ќе се потрудиме колку толку да ја ублажиме оваа кризна состојба која е пред нас оваа есен и оваа зима. Од Парламентарното мнозинство СДСМ-ДУИ зависи дали ќе ги прифатат или нема да ги прифатат нашите предлози. Но важно е дека за сето ова што денеска се случува предупредувавме уште пред една година, тогаш не само што не пристапија сериозно туку имаше и такви кои се шегуваа на наша сметка зошто протестираме за струјата, зошто протестираме за ова ? Еве денеска тие ни викаат бевте во право и за жал државата оди кон амбис и токму поради тоа се потребни предвремени парламентарни избори за да дојде власт која ќе може да ја води државата во вистинска насока – дециден е Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот