ВМРО-ДПМНЕ: Итно да се расчисти случајот со починатото девојче во Битола

ВМРО-ДПМНЕ денеска реагира околу случајот со шестгодишната Јана Христовска од битолското село Кравари, која почина неделава во битолската болница. Наспроти сомнежите кои ги изрази семејството на девојчето за лекарски пропусти при третманот во болницата, Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) вчера соопшти дека немало грешки направени од лекарите.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека има „институционален молк“ за случајот.

„Од една страна е семејството на починатото девојче кое се сомнева на лекарска грешка, бидејќи состојбата на детето нагло се влошила по примена инфузија. Од друга страна има институционален молк за конкретниов случајов. Без да изразат грам сочувство првите луѓе во здравството, иако во текот на вчерашниот ден видно расположени присуствуваа на промоција на донација на одржување на простории на една клиника тие не дадоа основни информации за случајот. Во јавност ја нема да се појави директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, Рената Младеновска да реферира за овој, но ниту за било кој претходен случај. Без конкретни информации што се случило и со констатирање состојба, оваа клучна институција во здравствениот систем е целосно нетранспарентна, како воопшто да нема директор и заради ова во јавноста се отворени низа прашања во здравствениот сектор, за кои нема ниту еден одговор! Нема одговор ни колку надзори редовни и вонредни има извршено ДСЗИ во оваа установа, што е констатирано, а што преземено Го нема ниту првиот човек во здравството, Фатмир Меџити и неговата заменичка Маја Манолева да реферираат што точно се случило во битолската болница“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Има само бледи најави за стручна комисија, но јавноста од сите тие иницирани надзори во изминатиот период не виде резултат од ниту еден надзор досега. На овој начин директно или индиректно надлежните институции ги отвораат прашањата за третманот во конкретниот случај, наместо да ги одговорат прашањата од стручен аспект со стручни факти и аргументи. Ваквиот досегашен пристап со нула транспарентност за извештаите од комисиите за стручен надзор, немањето корективни мерки за одредени аномалии за тие да не се повторат, како и неводењето грижа во овој сегмент креираат недоверба и се на штета на целиот здравствен систем и најмногу на штета на пациентите“, додаваат од партијата.

Д-р Беќаровски: Зарем верувавте дека двете докторки, кои се и мајки, ќе бидат несовесни со мало девојче?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот