ВМРО-ДПМНЕ: Дефокусот на СДСМ од прашањето за што преговара Заев со Софија нема да успее

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Дефокусот на СДСМ од прашањето за што преговара Заев со Софија нема да успее, велат од опозицијата.

-Македонската јавност не ја интересира ништо друго туку што Зоран Заев наново удоволува на софиските политичари, што договорил да стои во новиот договор, односно анекс, дали прифаќа дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, или дека Бугарија не била дел од фашистичката оска од 1941 до 1944? Талат Џафери мора да го повика Зоран Заев на седница на парламентот, а тој мора да се појави пред пратениците и на јавна седница за јавноста да ги изложи своите ставови- велат од опозицијата.

Сè поинаку, велат оттаму, е кревање и потврдување на сомнежите во јавноста дека македонскиот јазик и македонската посебност се на продажба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот