ВМРО-ДПМНЕ: Дали дрвјата во Кавадарци, Берово и Демир Капија се поевропски па се бараат дрвосечачи Албанци?

Сеча на дрвја/ Фото: МИА

По објавениот оглас на Национални шуми со кој се бараат работници Албанци за позиција дрвосечачи во Кавадарци, Берово, Демир Капија и Крива Паланка, реагираше ВМРО – ДПМНЕ и праша дали вакви огласи за вработување се европски и ѝ доликуваат на една европска коалиција.

-Оттука би ги прашале, зошто се коалиција за Европа и од која земја од Европската унија го зеле ова искуство? Дали можеби Фон Дер Лајен или Борел се во тек и се гарантори на квалитетот на дрвосечачите и дали можеби во Берово, Демир Капија и Кавадарци дрвјата се поевропски на пример од дрвјата во другите градови во Македонија па мора да се вработува ваков квалитетен европски кадар, според европските вредности на европската коалиција на СДС и ДУИ?, прашуваат од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ.

Натаму во соопштението партијата им се обраќа на премиерот Димитар Ковачевски, на вицепремиерот Бојан Маричиќ и на министерот за надворешни работи Бујар Османи за тоа каде и како е договорен овој оглас во Национални шуми.

-И дали од Европа е насоката за вработување на албански дрвосечаци во Кавадарци, Демир Капија и Крива Паланка, и дали Маричиќ ќе го прикаже ова како нов успех на европскиот пат на Македонија? Дали Османи ќе сними спот за овие дрвосечаци како дел од преговорите со ЕУ кои се водат само во неговата глава? Дали ова се најквалитетни дрвосечаци од Владивосток до Вашингтон, и дали огласот е договорен додека Ковачевски беше на Саем во Белград каде европски се однесуваше и беше гордост за земјата, посебно терцата со која му пееше на Вучиќ на уво, или пак ова е дел од тајниот план за интегрирање на Балканот на Европската унија?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот