Владина делегација предводена од вицепремиерот Анѓушев во посета на Чешка

Кочо Анѓушев/Фото: МИА

Владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска и утре ќе престојува во посета на Брно, Чешка каде се одржува Меѓународниот инженерски саем кој е еден од најважните индустриски саеми во Централна Европа.

Владината делегација, во чиј состав се и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска, министерот задолжен за унапредување на регулативата за домашни компании Хисен Џемаили и директорот на Дирекцијата за индустриски развојни зони Александар Младеновски, ќе реализира повеќе активности во рамки на саемот.

Според агендата, планирана е средба со чешкиот вицепремиер и министер за индустрија и трговија Карел Хавличек, а владината делегација ќе присуствува и на бизнис форумот посветен на можностите за инвестирање во Република Северна Македонија. Ќе бидат остварени и повеќе средби со компании кои ќе се претстават на саемот.

Саемот, како што е најавено, ќе го отвори чешкиот претседател Андреј Бабиш.

Меѓународниот инжинерски саем во Брно е најважниот индустриски саем во Централна Европа, на кој изложуваат околу 1600 компании, а посетен е од над 80 илјади лица. Околу 50 проценти од изложувачите доаѓаат од Чешка, а останатиот дел се компании од Европа и други развиени земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот