Вкусно и здраво: Рецепт за чоколаден леб од банани

Фото: Profimedia

Чоколадото и бананата се одличен пар. Доколку подготвувате класичен леб од банана, додадете во смесата неколку капки чоколадо и уживајте во одличниот вкус. Доколку сакате уште побогат десерт, измешајте какао во прав во смесата, пишува „Пун куфер“.

За да добиете вкусен леб, важно е да користите исклучително зрели банани. Ги знаете оние со кафени дамки на кората, кои изгледаат како да треба да ги фрлите во ѓубре? Не ги фрлајте во ѓубре. Таквите банани го прават најдобриот леб од банана.

Најдобро од сѐ? Овој рецепт за леб од банана е толку едноставен, што дури и најголемите аматери за готвење можат да го направат.

Потребни состојки:

  • 175 грама брашно
  • 160 грама кафеав шеќер
  • 100 грама чоколадни капки
  • 75 грама стопен путер
  • 20 грама какао во прав
  • 3 зрели банани
  • 1 големо јајце
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • прстофат сол

Подготовка:

Намачкајте го садот за печење со путер и оставете го настрана. Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови

Изгмечете ги бананите со виљушка. Измешајте ги со растопен путер, кафеав шеќер, јајце и екстракт од ванила.

Во друг сад измешајте ги сувите состојки: брашното, какаото во прав, сода бикарбона и солта.

Добро измешајте ги сувите состојки во смесата со банана.

На крајот додадете ги капките чоколадо.

Префрлете ја смесата во сад за печење и ставете ја во загреана рерна на 180 степени целзиусови околу 50 минути или додека целосно не се обработи термички.

Изладете го чоколадниот леб од банани пред да го послужите.

На здравје!

Рецепт за банана крофни без јајца, квасец и млеко

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот