Рецепт за банана крофни без јајца, квасец и млеко

каталонски крофни
Каталонски крофни / Фото: Juan Moyano / Alamy / Profimedia

Без разлика дали ќе ги испржите, ќе ги испечете во рерна, ќе ги наполните со џем и прелиете со глазура, крофните секогаш се едни од најомилените деликатеси, како за децата, така и за возрасните.

Ова е здрава верзија на крофни со само 3 состојки, а брашното можете да го замените со бадемово брашно.

Состојки:

– ½ шолја интегрално брашно (додадете уште ако е потребно)
– 1 лажички прашок за печиво
– 1 банана со средна големина (испасирана)

Подготовка:

Во сад измешајте го брашното и прашокот за печиво, па мешајте додека смесата не се соедини.

Потоа додадете ја бананата од која претходно сте направиле пире, а кое ќе го добиете така што ќе ја изблендирате со малку вода за да добиете густа смеса или доволно е да ја испасирате. Мешајте додека не добиете компактна смеса. Вашето тесто треба да биде лепливо.

Ставете масло во длабоко тенџере да се загрее, а потоа со лажица одвојувајте тесто, обликувајте го во крофна и ставајте ја да се пржи.

Извадете ги крофните од маслото и ставете ги на чинија обложена со хартија за печење да се исцедат.

Крофните можете и да ги испечете. Наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути.

Кога ќе бидат готовои, посипете ги со шеќер во прав или прелијте ги со растопено чоколадо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот