Вистинската мисија на Бајден во Европа: Претседателот регрутира сојузници против Кина

Фото: EPA-EFE/KEVIN DIETSCH / POOL

Американскиот претседател Џо Бајден пристигна во Европа во средата, што значи започнување на долго очекуваниот самит Г7, каде ќе се разговара за бројни теми.

Иако ќе има многу за што да се зборува на самитот, главниот фокус на Бајден ќе биде Кина. Неговата цел ќе виде да ги спои европските сили против азискиот гигант.

Од наредна недела Бајден ќе замине за Брисел, каде ќе присуствува на самитот на НАТО. На самитот во Брисел тој ќе зборува за стратешките предизвици од Кина, сајбер нападите, повелкувањето на војската од Авганистан, како и за климатските промени.

Бајден ја имаше Кина на ум уште кога говореше за живнувањето на алијансата на западните демократии. Неговиот план е европските земји да се вклучат во битката за глобална надмоќ со Пекинг, вели Рафаел Бер од Гардијан.

Европските земји не би требале долго да бираат доколку изборот е помеѓу Вашингтон и Пекинг, иако веќе е лесно САД да ги отпишат како глобални ,,фалбаџии“, сепак изборот секако би бил лесен бидејќи нивна алтернатива е експанзионистичката тоталитарна држава која е вмешана во геноцидот против Ујгурите, пренесува Бер.

Да беше Кина посиромашна, мисијата на Бајден ќе беше полесна, иако економската препрека помеѓу светските сили полека се затвара. Европските земји се уште не го чувствуваат тоа ниво економски притисок од Кина, како што тоа го чувствуваат Соединетите Држави. Во тоа удел секако има географската положба на земјите, како што има сумирано еден дипломат: „На Европа не и се допаѓа како работи Кина, а на САД не и се допаѓа Кина!“

Џо Бајден бара солидарност од европските земји, бидејќи како што вели тој, можната поделба или падот на демократијата е пореална од било кога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот