Викторија и Дејвид Бекам ќе снимаат реално шоу: Семејството ќе добие 16 милиони фунти за да ги отвори вратите на својот дом!

профимедиа

Поранешниот професионален фудбалер Дејвид Бекам (45) и неговата сопруга Викторија Бекам (46) потпишаа договор со продуцентската куќа „Нетфликс“ вреден 16 милиони фунти.

Имено, парот, тежок 769 милиони фунти, ќе снима серија во која ќе бидат прикажани невидени моменти на нивното семејство од секојдневниот живот, а на сето тоа се согласиле затоа што сакаат да ги снимаат семејните моменти на камера.

Шоуто ќе се врти околу животот на Дејвид, а секојдневно ќе го следи екипа со камера. Гледачите исто така ќе можат да видат смешни моменти од минатото кога Дејвид ѝ се додворувал на Викторија.

„Серијата на „Нетфликс“ ќе прикаже сосема поинаква страна на Давид, онаа што јавноста многу ретко може да ја видат“, изјави извор близок до семејството.

„Во семејството на Давид, сите се архивисти. Тие гордо ја документираат неговата кариера уште од младоста и сите овие години ги чуваат сите стари исечоци од локалните весници, од училишните записи и тимската фотографија“, додал изворот.

„Во серијата ќе зборуваат и неговите колеги од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, Рајан Гигс и други …“, заклучи изворот.

Да потсетиме, семејството Бекам неодамна беше критикувано бидејќи Дејвид ја бакна во уста најмалата ќерка на Харпер.

„Го обожавам вашето семејство, но никогаш не можев да ги разберам оние родители кои ги бакнуваат своите деца во уста. Вие сте сепак најдоброто семејство“, напиша еден обожавател на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот