Викенд диета со која ќе загубите 3 килограми

По викенд диетата губитокот на килограмите ќе биде видлив на вашето тело…

 

Можно е да ја намалите својата тежина за два или дури и три килограми за само два дена. Викенд диетата е план за исхрана кој ќе ви помогне во текот на сабота и недела да загубите и до 3 килограми. Во останатите денови можете да јадете нормално.

 

Оваа диета на многу жени им помогнала своето тело да го доведат во совршен ред, па следниот викенд можете да ја пробате и вие…

 

 

Сабота:

 

Појадок: Сендвич од ржан леб со сирен намаз, кафе или чај (без шеќер)

 

Ручек: Салата оброк: Половина компир, 1 цвекло, половина главица кромид, малку сенф и бибер, сол и зачини. Сварете го компирот и цвеклото, исецкајте го во чинија, додадете го свежиот кромид и зачините.

 

Вечера: 100 гр риба испечена во рерна и 200 мл кефир или јогурт

 

 

Недела:

 

Појадок: Шолја зелен чај без шеќер, 2 големи крекери.

 

Ручек: Салата оброк: За две лица потребно ви е: 2 големи варени компири, половина главица свежа зелка, 1 шолја пченка шеќерка, половина лажица маслиново масло. Сварете го компирот и пченката, па додадете го на исецканата свежа зелка. Се прелијте со маслиново масло и зачинете по желба.

 

Вечера: 100 гр пилешки гради, 1 варено јајце и домат, 200 мл кефир или јогурт.

 

Бонус совет: Покрај оваа кратка диета вклучете два силни тренинга во траење од 30 минути. Пријте многу вода и поминувајте што повеќе време на свеж воздух.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот