Видиќ се откажа, Џајиќ ќе биде прв човек на српскиот фудбал

Фото:EPA/ALBA VIGARAY

На само еден ден пред изборите за нов претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС), Немања Видиќ ја повлече својата кандидатура.

Изборите беа планирани да се одржат утре во 14:00 часот, а единствен противкандидат на Видиќ беше Драган Џајиќ. По откажувањето на Видиќ јасно е дека тој ќе биде новиот прв човек на фудбалот во Србија.

Својата одлука Видиќ ја образложи со соопштение до јавноста и потенцираше дека не откажал од намерата да помогне на српскиот фудбал.

„Нашиот фудбал е пред големи предизвици. Многу работи мора и можат да се подобрат. Мојата идеја беше и останува да составам тим од врвни професионалци кои се способни да ги решат овие предизвици подобро од кој било. За жал, на секој чекор од патот да станам претседател на ФСС, ми беше јасно дека нема да ни се даде таа шанса. Би сакал да ве информирам дека ја повлекувам мојата кандидатура за претседател на ФСС.

Одговорноста за решавање на големите предизвици пред нас ја презеде истата група на луѓе кои ги создадоа. Дефинитивно не сум оптимист за тоа што ќе направат со шансата што ја добиваат и мислам дека за четири години ќе биде уште потешко отколку што е денес.

Повлекувањето на мојата кандидатура не значи дека се откажувам од српскиот фудбал. Верувам во мојот тим и нашата визија, како и во големата помош што ќе ја добиеме од нашите пријатели од врвот на европскиот и светскиот фудбал. Она што за жал не е возможно денес да почнеме да работиме – јас и мојот тим ќе го направиме, верувам, во блиска иднина. Сега тоа не е можно“, стои помеѓудругото во соопштението на Видиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот