Видиќ потврди: Се кандидира за претседател на ФС Србија

Фото: EPA/MATTEO BAZZI

Како и што се најавуваше во претходниот период, Немања Видиќ со отворено писмо до јавноста во Србија потврди дека ќе се кандидира за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Медиумите во Србија го пренесуваат соопштението на Видиќ до медиумите во кое ја потврдува својата одлука и ги кратко ги објаснува неговите амбиции.

„Почитувани, решив да се вклучам во трката за претседателските избори со оглед на тоа дека го исполнив условот да бидам член на Собранието и да имам поддршка од пет делегати кои се надевам дека нема да попуштат под притисокот. Верувам во своите цели, а тие се јасни. Сакам да обединам, а не да создавам проблеми. Верувам и знам дека фудбалска Србија има слични луѓе и може заедно да понудиме решенија“, стои во дел од соопштението на поранешниот фудбалер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот