ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Зајкова за „Слободен печат“: ЛДП останува на европскиот пат

Моника Зајкова / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Во интервју за „Слободен печат“, претседателката на Либерално демократската партија Моника Зајкова, истакна дека нејзината партија останува во досегашната коалиција и дека продолжува да се залага за членство на државата во ЕУ.

– ЛДП останува на она што значи европски пат, односно брз влез во ЕУ, бидејќи гледаме дека на мнозинството од граѓаните тоа му е приоритет и сака да биде дел од ЕУ. И јас сакам да сме дел од ЕУ бидејќи гледаме дека досега сме понижувани, во однос на придобивките што ги уживаме. Не спорам дека огромна е поддршката што ја добиваме од ЕУ во делот на проекти, но да тргнеме од она што е секојдневие. Сите патуваме и кога ќе одиме на пасошка контрола стоиме на различни страни од оние што се граѓани на земји членки на ЕУ, сите ние живееме на европскиот континент. Сакам и јас да поминам само со биометриска лична карта без да подлежам на куп контроли што ми прават стрес – рече таа.

Зајкова додаде дека македонските граѓани ќе бидат рамноправни со граѓаните од земјите членки на ЕУ, само кога Македонија ќе стане дел од Унијата.

– Сметам дека ќе бидеме реципрочни само кога ќе бидеме седнати на таа маса, а не кога од надвор ќе се буниме за своите права – заклучи Зајкова.

Целиот разговор можете да го погледнете на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот