ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Стојановски: Партиските поддржувачи мислењето за институциите го темелат врз ставот на партијата

Фото: Слободен печат

Евротинк редовно во последните години врши испитување на јавното мислење за довербата во институциите. Овој вид испитување главно се фокусира на перцепцијата кај граѓаните за Министерството за внатрешни работи.

– Евротинк е една од постарите тинк – тенк организации во Македонија и истражувањата од ваков вид ги вршат околу 10 години. Нашата работа подразбира меѓу другото да реализираме минимум едно истражување во годината. Со нашето истражување, кое носи наслов Еврометар сакаме да го видиме мислењето на граѓаните за одредени прашања што го засегаат нашето општество. Во истражувањето користиме еден идентичен вид прашања со цел да вршиме споредба на добиените резултати со резултатите од претходните години, изјави Александар Стојановски проектен координатор од Евротинк во емисијата „Слободен печат“.

Според Стојановски, преку нивното истражување се обидуваат да го измерат степенот на доверба кај граѓаните за институциите и да го рангираат нивото на довербата.

– Една од институциите што има високо ниво на доверба, неколку години по ред е полицијата, а со слично ниво на доверба се Армијата и верските организации. Нашето истражување не ги испитува причините зошто полицијата и армијата имаат високо ниво на доверба, а судството и обвинителството најниско и таа состојба или перцепција е со години наназад. Може да претпоставиме дека армијата и полицијата се институции што имаат одреден хиерархиски ред и преку тоа се гради позитивен став во јавноста, од една страна, а за ниското ниво на обвинителството веројатно има влијание т.н. „хало ефект“ што значи испитаникот не мора да има лично искуство, но изградил став и има мислење за институцијата, изјави Стојановски.

Во креирањето на јавното мислење во голема мера влијаат ставовите на политичките партии и нивните лидери и според Стојановски не се исклучува можноста дел од граѓаните што се подржувачи на големите политички партии да искажуваат мислење за кое не се целосно убедени во неговата вистинитост.

Тоа не говори во прилог на тезата за објективната слика за институцијата дека состојбата во конкретната институција е таква како што ја гледаат овие граѓани. Повеќе може да се говори за идолопоклонство или послушност кај овие граѓани како подржувачи на политичките партии.

Целиот разговор со Стојановски можете да го погледнете на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот