ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Садикарио и Дејанов: Бугарија во континуитет ја фалсификува својата улога во прогонот и депортацијата на Евреите

Самуел Садикарио и Петар Дејанов/фото Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ

Бугарите во континуитет се обидуваат да ја фалсификуваат историјата и учевството на бугарската држава во депортацијата на Евреите од Македонија, Тракија и од околината на Пирот во 1943 година, а тоа е прецизно обработено во најновата книга на Леа Коен – „Спасувањето, Прогонот и Холокаустот во Царска Бугарија (1940-1944)“, која од неодамна е преведена и на македонски јазик.

За ликот и делото на Леа Коен, Еврејка од Бугарија, во утринската програма на Слободен печат говореа проф д-р Самуел Садикарио и проф д-р Петар Дејанов.

– Таа пропаганда дека Бугарите не биле учесници во фашизмот во нацизмот и во трагедијата на Евреите, тоа е еден огромен цинизам и тоа не само цинизам од државата бугарска, туку и од целиот свет кој ги поддржува. Тоа е срамота за накој како мене, кој е останат од тие депортирани, убиени. Кој е тој што ги депортирал? Кинезите? Тајванците или кој? Се знае, бугарската армија – вели Садикарио.

Дејанов се осврна на континуитетот на бугарската империјална политика и континуитетот во задскривањето и фалсификувањето на бугарската историја поврзана со окупацијата на Македонија и холокаустот на Евреите.

– Бугарите не сакаат да зборуваат за тие 11.343 , уништени и убени Евреи, кои се од Беломорска Македонија, од Вардарска Макединија и од Пирот – вели Дејанов.

И двајцата се осврнаа на релативно слабиот отпор на македонскиот државен врв во обидот да се издејствува поостра критика кон бугарскиот историски реваншизам, а потсетија дека во 2013 година Меморијалниот еврејски когрес од Вашингтон реагираше на „дисторзијата на историските факти поврзани со холокаустот од страна на Бугарија“.
Целото интервју погледнете го на следниот линк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот