ВИДЕОИНТЕРВЈУ | МОФ: Дебатни клубови за средношколци во Теарце, Ростуше и Македонска Каменица

Теодора Столевска, Дора Смилевска/ / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

МОФ е младинска организација основана во 1999 година. Организацијата е активна на национално ниво која овозможува образование за дебата, правна писменост, лични и професионални вештини. Во утринската емисија „Слободен печат“ за дебатните клубови, но и за придобивките за членство во МОФ разговаравме со Дора Смилевска, координатор за дебати и Теодора Столевска извршен директор на МОФ.

Викендов промовираат прирачник, но и имаат дебатен турнир за студенти кој ќе се одржи во текот на два дена.

– Младински образовен форум ја спроведува дебатната програма од почетоците на организацијата, кога во 1999 година за прв пат се основа под името Здружение на граѓани „Дебатери“. Денес дебатната програма зад себе има 25 години успешно спроведување на национално ниво, преку дебатни клубови во повеќе општини и градови во Македонија. Годинава славиме 25 години од постоење-вели Столевска.

Таа објаснува дека целта е неформално образование. Во моментов имаат 21 клуб во државава, а внимавале да имаат отворени клубови во рурални средини-вели таа.

Дора Смилевска објаснува дека лани годината ја завршиле со 19 клубови годинава отвориле повеќе, сега имаат 28. Клубовите имаат дебати на македонски јазик, но има и на албански и турски. Пробуваат да ја прошират програмата каде што можат.

– Освен што ги подготвуваме младите за турнири и за јавни дебати, пробуваме да ги натераме повеќе да истражуваат на повеќе теми како економија култура, меѓународни односи, критички да размислуваат и аргументирано да се изразуваат-вели Смилевска.

Таа вели дека една од целите е и дружење. Годинава Универзитетската дебатна програма МОФ повторно ја оживува, преку отворање на 3 клубови – на Правниот факултет „Јустинијан Први“, на Филозофскиот факултет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при УКИМ. Во склоп на програмата се организираат и национални дебатни турнири за студенти, кои се отворени за заинтересирани млади од сите факултети и универзитети во државата.

Околу прирачникот кој го издаваат велат дека всушност е учебник. Се издава со цел со цел да биде учебник за сите кои сакаат да дебатираат сегашни и идни членови и сите кои сакаат да бидат во оваа област.

– Дебатната програма на МОФ е клучна за критичко размислување, аргументирано говорење и ефективна комуникација кај младите средношколци и студенти низ државата-вели таа.

Што се однесува до клубовите во руралните средини Столевска вели дека таму младите се попосветени.

– Во Скопје секогаш има активности. Ако не одат во овие клубови ќе одат на англиски, во кино, во кафетерија, театар. Помалите градови немаат активности и затоа се попосветени-вели Столевска.

МОФ на годишно ниво обучува повеќе од 1.000 млади и овозможува учество во голем број активности и клубови.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот