ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Габриела Кулебанова: Сивата економија сериозно го поткопува легалниот бизнис

Габриела Кулебанова / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Центарот е формиран на 15 јануари оваа година во рамките на Стопанската Комора на Северна Македонија како организација за поддршка на мали, микро и средни претпријатија.

– Во рамките на оваа Комора има значителен број компании од ваков тип и статус и по формирањето забележавме дека постои зголемена заинтересираност кај субјектите. Идејата за негово формирање е за поддршка на овој тип компании кои се присутни околу 99 отсто. Поддршката на овие компании значи намалување на сиромаштијата, зголемување на вработеноста, зголемување на иновативноста во производството. Според мене ова е вистинскиот пат за да дојде до зголемена економска и подобра активност. Самите компании располагаат со кадровски потенцијал, од една страна и формирањето на Центарот беше потреба тие да имаат место каде што ќе се обединуваат нивните заеднички интереси, искуства и потреби, од друга страна – истакна Габриела Кулебанова, претседателка на Центарот за мали, микро и средни претпријатија при Стопанската комора на Република Северна Македонија во утринската емисија „Слободен печат“.

Според Кулебанова, Стопанската комора на Северна Македонија го формираше Центарот за микро, мали и средни претпријатија, со цел поддршка и развој на економската активност за потребите на компаниите, чија улога ќе биде во интерес на оваа група правни субјекти да обезбеди сет на услуги и поддршка за нивно непречено функционирање. Истовремено се потребни стручни усовршувања на женската популација што е вклучена во бизнисот или има намера да се вклучи и сето тоа во услови на висок степен на присутна сива економија.

– Кога сме кај образованието на мисла ми се младите кои се клучот за развојот на економијата и тие треба да бидат задржани во земјата. Нивното иселување претставува голем проблем за државата. Има една дефиниција во врска со сивата економија што вели: „Нивото на сивата економија зависи од тоа колкава е довербата во институциите“. Не може веќе да одат до таму работите, бизнисот да плаќа, а да не гледаме бенефит ни во подобрување, ни во капитални инвестиции ни во екологијата. Меѓутоа, сивата економија сериозно го поткопува легалниот бизнис. Со толерирање на таквото работење, што е некаде 40 отсто во нашата држава, се поголем број на такви компании зајакнуваат, а стануваме послаби во рамките на регуларното работење – истакна Габриела Кулебанова.

Повеќе од разговорот со Габриела Кулебанова можете да погледнете на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот