ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Атанасовски: Македонците се повеќе ги ценат рачните изработки

Стефанија Атанасовски / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Има ли Македонија генијалци и иноватори? Што креираат генијалците и по што се издвојуваат од своите врсници? Колку иновации има во државава и колку се иновативни нашите поединци, а на колку се работи? Прашања на кои малкумина го знаат одговорот. „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и да им даде шанса на генијалците и на иноваторите да ѝ ги претстават своите креации и идеи на пошироката јавност. Креатори на игри, успешни шахисти, инженери, научници, балерини … се само дел од ликовите што ќе бидат дел од нашиот серијал. Се надеваме дека на ваков начин ќе ја поттикнеме јавната свест но и надлежните институции да се издвојуваат повеќе средства за оваа намена, да најдат начин да ги промовираат нивните идеи онаму каде што треба за подобро утре за сите нас. Воедно, ова нека биде и отворен повик до сите што сакаат да ги споделат своите успеси и иновации со нас, но и со целата јавност, да се пријават на официјалната имејл-адреса.

Стефанија Атанасовски е сопственишка на брендот „5 до 12“, односно, креативна работилница. Се што е внатре во работилницата е рачно изработено.

Стефанија Атанасовски / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

-Сè што ќе видите внатре во оваа работилница е рачно изработено од мене. Се занимавам со ова веќе шеста година. Почнав многу скромно и цртав дома некое време, т.е. подолго време цртав дома, околу три години- вели Атанасовски.

Потоа се преселила во работилницата.

-Три години дома, три години тука, во овој простор, премногу време се седи на факултет, на предавање, на вежби, на сето тоа, и после некое време, откога почнав да работам, да се занимавам со „5 до 12“ морав да донесам одлука, дали ќе продолжам со студиите или ќе се посветам на „5 до 12“- вели Стефанија.

Стефанија Атанасовски
Дел од рачната изработка на Стефанија / Фото: СЛОБОДЕН ПЕЧАТ / В.Т.

За брендот вели дека некако, непланирано се развил, брзо.

-Ова беше хоби и после хобито прерасна во професија. „5 до 12“ го доби името „5 до 12“ првично затоа што јас сум лоша со тајм менаџмент. Генерално сега, во последно време, забележувам дека е доста крената свеста, да кажам, за рачни изработки, бидејќи ми се познати овие работи. Уште од помала сум одела со мајка ми на базари, таа едно време се занимаваше со некои други рачни изработки. Немаше толку голем интерес. На тие базари големи што се организираа, повеќе сите чекаа странците да дојдат и да купат нешто- вели Атанасовски.

Стефанија Атанасовски
Дел од рачната изработка на Стефанија / Фото: СЛОБОДЕН ПЕЧАТ / В.Т.

Таа забележува дека сè повеќе и повеќе луѓето кај нас почитуваат локално, сакаат да купуваат рачни изработки облека, храна.

-Сакаат луѓето да купуваат наши работи. И тоа многу ме радува бидејќи, нели, сите велат, во странство повеќе се цени тоа, рачна изработка повеќе се плаќа ама и кај нас почнува тоа да се применува. Луѓето што разбираат што значи рачна изработка од почетокот до крајот на производот се се почести. За да се успее треба самоувереност во работата, истрајност и многу љубов за тоа што се работи- вели Стефанија.

Стефанија Атанасовски / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение: 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот