ВИДЕО+ФОТО | Бурак Озчивит и Фахрије Евген станаа родители по вторпат: Актерот присуствувал на породувањето

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Турскиот актер Бурак Озчивит, најпознат по улогата на Бали-бег во серијата „Сулејман Величествениот“ и неговата сопруга Фахрије Евген која македонската публика ја памети по улогата на Неџла во серијата „Кога лисјата паѓаат“, станаа родители по втор пат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fahriye Evcen Özçivit (@evcenf)


Двајцата успешно ја криеја веста дека наскоро ќе добијат уште едно дете, но непосредно пред породувањето решија својата радост да ја споделат со јавноста.


Актерскиот пар беше пречекан по излегувањето од болницата од новинарските екипи. Новороденчето чие име Керем е второ дете во семејството на славната актерска двојка. Тие имаат уште еден син тригодишниот Каран.

По излегувањето од болница, мајката изјавила дека породувањето поминало во најдобар ред и дека и таа и бебето се добро.

На прашањето од новинарите како реагирал Каран дека веќе има нова важна улога како постар брат.

„Реакциите на Каран се одлични. Тој едвај чека да го запознае својот брат. Да бидам искрен, тој не изненади сите. Дали присуствував на породувањето? Секако, ги пречекав и Каран и Керем, што е одлична работа. Јас сум благословен“, изјави актерот за турските медиуми.

Да потсетиме, турската актерска двојка Бурак Озџивит и Фахрије Евџан се венчаа во 2016 година. Три години подоцна го добија синот Каран, а сега на семејството му се придружи и Керем.

ФОТО | Бурак Озчивит и Фахрије Евген го очекуваат своето второ дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот