ФОТО | Бурак Озчивит и Фахрије Евген го очекуваат своето второ дете
Турскиот актер Бурак Озчивит, најпознат по улогата на Бали-бег во серијата „Сулејман Величествениот“ и неговата сопруга Фахрије Евген која македонската публика ја памети по улогата на Неџла во серијата „Кога лисјата паѓаат“, го очекуваат своето второ дете.
View this post on Instagram
Иако многу се пишуваше за наводните кризи во нивниот брак, тие сега демантираат се и ја објавија најсреќната вест. Фахрије на Инстаграм објави фотографија во тесен бел фустан, а во преден план е нејзиниот труднички стомак.
View this post on Instagram
„Наскоро ќе се запознаеме“, напиша таа во описот на фотографиите на кои е во поодмината бременост.
Двајцата успешно ја криеја веста дека наскоро ќе добијат уште едно дете, но сега решија својата среќа да ја споделат со јавноста.