ВИДЕО: Жена позираше покрај пруга во парк во Турција, ја удри воз со голема брзина

Жена повредена од воз додека правела селфи покрај пруга/Фото: Скриншот/Х

Жена заврши со повреди на раката при обид да направи селфи со пријателките во моментот кога воз поминуваше низ национален парк во Турција.

Нејзината погрешна проценка на оддалеченоста на возот можеше да ја плати со живот, но за среќа возот ја удри само во раката.

Според „Милиет“ , несреќата се случила пред неколку дена, кога жената со пријателките го посетила паркот Белемендик, кој нуди поглед на Адана, за да го фотографира есенскиот пејзаж и железничките тунели.

Кога групата се нашла во близина на рамен премин, решиле да позираат за селфи со возот што минувал во позадина. Меѓутоа, жената ја подигнала раката премногу блиску до возот додека минувал, што резултирало со повреда.

Според „ Њујорк пост“ , повикувајќи се на локалните медиуми, жената била однесена во болница од нејзините пријатели за да и се санира повредата на раката.

Градоначалникот на Посанти даде изјави за инцидентот, предупредувајќи ги туристите да бидат повнимателни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот