ВИДЕО | Зеленски се обрати на доделувањето на Греми: Нашите музичари носат панцири наместо смокинг

Фото: Профимедиа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати видео порака на синоќешното доделување на наградите Греми и побара поддршка во „раскажувањето на приказната за руската инвазија на Украина“.

Зеленски во Лас Вегас ги повика гледачите да ги поддржат Украинците „на кој било начин“.

„Што е спротивно на музиката? Тишината на уништените градови и убиените луѓе“, рече Зеленски на снимката емитувана пред настапот на американскиот пејач Џон Леџенд и украинската поетеса Љуба Јакимчук.

Фото: Профимедиа

„Пополнете ја тишината со вашата музика. Пополнете ја денес, за да ја раскажете нашата приказна. Поддржете нè на кој било начин. На кој било начин, но не со тишина“, рече Зеленски на англиски, со рапав глас, облечен во темнозелена маица.

Зеленски ги замоли сите луѓе што го слушаа преносот: „Кажете ја вистината за војната. На вашите социјални мрежи. На телевизија.“

„И тогаш ќе дојде мирот. Сите наши градови војната ги уништува“, рече тој. „Чернихив, Харков, Волноваха, Мариупол и други. Тие се веќе легенди. Но јас сонувам да живеам. И слободен. Слободен како тебе на Греми сцената“.

Пред церемонијата, организаторите на Греми наградите започнаа кампања на социјалните мрежи наречена „Ајде да застанеме со Украина“ со цел да се соберат пари и да се обезбеди поддршка за време на хуманитарната криза.

володимир зеленски
Володимир Зеленски / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Во својата видео порака, меѓу другото, Зеленски ја спореди инвазијата со смртоносната тишина која се заканува да ги „изгаси соништата и животот на украинскиот народ“, вклучително и децата, пренесува АП.

– Нашите музичари носат панцири наместо смокинг. Им пеат на ранетите во болниците, дури и на оние што не ги слушаат – рече Зеленски и изјави дека музиката „сепак, ќе се пробие“.

Тој додаде дека „музиката ќе стаса насекаде“ и зборуваше за својата земја која ја брани својата слобода: „Живеј. Сакај. Слушај“.

Војната избувна во Украина пред повеќе од еден месец откако руските воени сили ги нападнаа областите на север, исток и југ од земјата, раселени милиони цивили и претворајќи цели градови во урнатини.

Русија ги нарекува своите акции во Украина „специјална операција“.

Да потсетиме, многу светски познати личности пружија јавна поддршка на Украина, од самиот почеток на војната. Дури и пред една недела на доделувањето на Оскарите, актерско-брачната двојка Ештон и Мила Кунис одржаа говор за ситуацијата во Украина, а собраа донации од дури 35 милиони долари за оваа земја.

ФОТО+ВИДЕО | Ова се најкоментираните моменти од доделувањето на годинашните Греми награди

ГАЛЕРИЈА | Ова се победниците на годинашните Греми: Голем триумф на Џон Батист и Силк Соник

ФОТО | Бруно Марс запали цигара на сцената на Греми наградите: Што е следно?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот