ФОТО+ВИДЕО | Ова се најкоментираните моменти од доделувањето на годинашните Греми награди

греми награди
Моменти од Греми наградите / Фото: EPA-EFE

Иако е тешко да се надмине скандалот што се случи на годинашните Оскари, 64-тото доделување на Греми наградите имаше неколку непријатни моменти и потенцијални скандали.

Ова се најчудните ситуации кои ги забележале гледачите:

бијонсе
Тејлор Свифт. Бијонсе и Аријана Гранда / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Многумина забележаа дека едни од најголемите ѕвезди на денешницата како Бијонсе, Аријана Гранде, Тејлор Свифт не присуствуваа на церемонијата.

Tayla Parx
Тајла Паркс / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Тајла Паркс на црвениот тепих се појави облечена како фиктивен лик Боусер.

Квестлав се пошегува на сметка на инцидентот што се случи на Оскарите кога Вил Смит му удри шамар Крис Рок. „Останете на 150 метри од мене“, се пошегува тој.

Кој би очекувал дека две ѕвезди ќе се појават во ист фустан на Версаче во исто време, освен ако не сте го заборавиле моментот од „MTV“ музичките награди во 1998 година, кога Мараја Кери и Витни Хјустон го направија токму тоа! Своевремено, двете ѕвезди се пошегуваа дека нивната креација е „единствена“, по што Мараја Кери си скина дел од фустанот за да го направи поуникатен. Истото го направи и Витни Хјустон.

Смешната сцена беше рекреирана на годинашното доделување на Греми наградите, но овојпат, Дуа Липа и Меган Ти Сталион, кои беа облечени во исти фустани, добија помош од дизајнерката на креацијата, Донатела Версаче. Откако и двете ѕвезди се пофалија дека добиле уникатен фустан, Донатела излезе на сцената да ја „реши“ ситуацијата. Дизајнеркатата им искина парче од нивните долги фустани, како би добиле нов, уникатен, асиметричен дизајн на креациите.

 

Тревис Баркер и Кортни Кардашијан искористија уште еден црвен тепих за да разменат нежности пред фотографите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GQ South Africa (@gqsouthafrica)

Тревор Ноа кој повторно беше во улога на водител на престижните музички награди го прогласи победникот на наградата за латино изведувач, но ја нарече „Latin-Granny“ – Латино Баба.

Џеј-Балвин според многумина фалшираше за време на неговиот настап.

Џони Митчел која мораше да ја најави Били Ајлиш беше толку нервозна што се тресеше, но на крај успешно ја заврши работата.

Вклучувањето на претседателот на Украина збуни многумина, особено затоа што по неговото обраќање настапи Џон Леџенд со новата песна „Free“, посветена на Украина.

Личноста која требаше да ги прикрие пцовките во песната „Peaches“ на Џастин Бибер, не си ја заврши добро работата, па гледачите коментираа дека пејачот веројатно ќе плати висока казна.

Доџа Кет, пак, на сцената објасни дека речиси ќе задоцнела да си ја подигне наградата бидејќи била во тоалет.

Повеќе написи на темата:

ГАЛЕРИЈА | Ова се победниците на годинашните Греми: Голем триумф на Џон Батист и Силк Соник

 

ФОТО | Бруно Марс запали цигара на сцената на Греми наградите: Што е следно?

 

 

ВИДЕО | Зеленски се обрати на доделувањето на Греми: Нашите музичари носат панцири наместо смокинг

ГАЛЕРИЈА | Што носеа славните дами: Кои беа најубавите, а кои најлошите фустани на Греми наградите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот